Гудачкиот состав на Пламенка Трајковска денеска ќе одржи концерт со наслов „Нем филм во 4“ во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица.
Со проекција на играниот филм „Коса“ од денеска во Кинотека во Скопје ќе започне да се емитуваат дела на режисерот Милош Форман.
Галеријата „Остен“ денеска ќе реализира еднодневна изложба по повод 50-годишнината од смртта на Пабло Пикасо, со наслов, „ПИКАСО - керамики, цртежи и графики“ од колекцијата на „Остен Музејот“.
Уметничкиот тандем Дан и Лиа Пержовски, кој преку цртежи ги потполнува ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен, првпат доаѓа во Музејот на современата уметност – Скопје.
Катедрата за современ танц при Филмската академја на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип од 2 до 8 април е домаќин на гости од Националениот универзитет за уметности „Џорџ Енеску“ од Романија, кои ќе работат заедно студентите на УГД.
Во уметничката галерија „Безистен“ денеска е отворена изложбата „Македонија памети, никогаш да не се повтори“. Присутните имаа можност да се запознаат со работи кои ги поседувале Евреите, а изложбата е по повод 80 годишнината од Холокаустот на Евреите.
Во издание на Институтот за национална историја излезе од печат книгата „Канон и цензура во културната продукција 1945-1952“ од проф. д-р Драгица Поповска.
„Танцувајќи создаваме иднина!“ е мотото на 19-тиот фестивал „Танц фест 2023“ кој ќе биде отворен вечер од 20 часот во Македонскиот народен театар.
Групата „Култур шок“ вечер, во 21 часот, ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар (МКЦ).
Во просториите на Кинотеката денеска, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Кинематографијата на другата Европа“ на Дина Јорданова и на списанието „Кинопис“ број 61.