Читателите и љубители на пишаниот збор од Крива Паланка на располагање имаат нови осумдесетина наслови лектири и белетристика во библиотеката „Кочо Рацин" што работи во рамки на Национална установа Центар за култура Крива Паланка
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе оствари билатерална средба со министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Маша Влаовиќ, која престојува во официјална посета на Македонија
Во Стаклената сала на виенскиот „Музикферајн" започнаа пробите пред светската премиера на оркестарската верзија на проектот МАКЕДОНИСИМО на Симон Трпчески и пријателите.
Во Младинскиот центар „Матично“ од денеска до 3 март е отворена изложбата „Зграда на општинската администрација“ на која се претставени трудови на студенти од Архитектонскиот факултет на Скопскиот универзитет, во рамки на предметот Архитектонско студио 5.2.
Од 1 март во Музејот на македонската борба во Скопје, Музичка младина на Македонија го почнува четвртото издание на циклусот концерти „Слободна среда“
Во Македонскиот народен театар – Скопје започнаа пробите за новата претстава „Иванов“, по текстот на А. П. Чехов
Драмско студио Тетово ја подготвува изведбата на монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“ работена по текст на писателот Јован Дамјановски
Романтичниот балет во два чина „Жизел“ ќе биде изведен на сцената на Националната опера и балет вечер и на 2-ри март со почеток во 20:00 часот
Наградуваниот роман „Градина од стакло“ од романската писателка Татјана Цибуљак ќе биде претставен денеска со онлајн-промоција на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“
Главната цел на настанот, како што вели организаторот, е преку споделување искуства, знаења и добри практики од дома и од странство да се покаже како примената на правата на интелектуална сопственост може да донесе придобивки во секторот на културен туризам и културно наследство