Промоција на книгата „Единствено во Бог е честа и славата“ од монсињор д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко – скопски епарх, ќе се одржи, денеска, во салата на парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица
Со поддршка на музичката група Дрим Тим тетовските актери испеаја повеќе песни меѓу кои и познати нумери од домашни и странски филмови.
Општина Штип годинава орденот „Свети Никола“ ќе го врачи на поетот Михаил Ренџов. Признанието „Свети Никола“ ќе го добијат Штип Сити Мол, Центарот за поддршка на лица со интелектурална попреченост „Порака“ и универзитетскиот професор Снежана Мирасчиева.
Аманетот на Блаже Конески не задолжува да го чуваме и да го негуваме македонскиот јазик, зашто тој е, како што рекол Конески „нашата татковина“, порача прилепскиот градиначалник Јовчески при обраќањето во родната куќа на великанот Конески во Небрегово.
Археологот Темелкоски смета дека за конзервација треба да се дадат и три до пет пати повеќе пари, зашто е скап процес, но го зачувува наследството.
Во Уметничката галерија Тетово вчеравечер отворена беше изложбата на уметнички слики на авторката Лулзиме Османи
Во кино „Фросина“ во Скопје вечер ќе се одржи промоција на книгата „Старите кина (киноприкажувањето во Македонија 1897-1954)“ од авторката Илинденка Петрушева, во издание на издавачката куќа „Слово“
Културно – уметничкото друштво „Илинден“ вечер во Битола ќе го одржи традиционалниот годишен концерт „Поведи коло танчаријо“ насловен според истоимената сценска адаптација од источен дел на Славиште што ја подготви Љупка Стефановска
Во камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи новогодишниот концерт на Пијано дуо Мимоза и Јована – „Празнична рапсодија 3“.
На сцената на Македонскиот народен театар вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Сите сме птици“, работена по текстот на либанско-канадскиот автор, Важди Муавад, а во режија на реномираниот Слободан Унковски.