Во организација на македонската Амбасада и Културно-информативниот центар во Тирана од денеска и во наредните два дена во албанскиот град Корча ќе се одржи манифестацијата „Денови на македонската култура“
Оркестарот на Филхармонија вечер ќе го одржи концертот „Банда“, на кој ќе бидат изведени дела од Гинастера, Лобос, Пјацола и Гершвин
Со промоција на книгата „Иницијација и покајание – доминантни топоси во наративниот дискурс на рускиот филм во XXI век“ на Атанас Чупоски и со презентација на блуреј-изданието на првиот македонски игран филм „Фросина“ на Воислав Нановиќ, Кинотеката денеска ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство
Книгата „Ноќни луѓе“ – избор песни од хрватскиот поет Иван Херцег во препев на Владимир Мартиновски и во издание на „ПНВ Публикации“ вечер од 20 часот ќе биде промовирана во бифето на Младинскиот културен центар
Друштвото на писатели на Македонија ќе распише Конкурс за прием на нови членови. Според одлуката, која е донесена едногласно на состанокот на Претседателството на ДПМ одржан вчера, Конкурсот ќе биде отворен од 1 до 15 ноември 2022 година
Изложбата на фотографии, насловена „И јас сум тука“, синоќа беше отворена во „Галерија 22“ при Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип
Во рамки на Европската недела за безбедност и здравје при работа, денеска беше промовирана четвртата збирка песни и раскази „БЗР од мали нозе 2022“ и беа доделени награди на децата – автори на најдобрите творби и на нивните ментори
Од денеска до шести ноември во Крива Паланка ќе се одржи годинашното издание на Интернационалниот театарски фестивал “Св.Јоаким Осоговски”, на кој за љубителите на театарската уметност се предвидени повеќе претстави, стенд ап шоу и алтернативни содржини
Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски ја имаше светската премиера на 35. Меѓународен филмски фестивал во Токио
Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево ги додели наградите од литературниот и ликовниот конкурс на тема „Книга-сон кој го држиме в раце“