Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) соопшти дека неговите изданија ќе бидат подостапни за членовите на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, со отворање и посебно катче во библиотеката наменето за овие изданија значајни за македонистиката
Во Македонска Каменица синоќа се одржа вечер на стенд-ап комедија. На настанот, кој Културно-информативниот центар „Романса“ од М.Каменица го организираше со продукцијата на „Златен Заб”, настапија познати стенд-ап комичари од земјава и Балканот
Во Музејот на град Кратово денеска ќе биде отворена тематската етнолошка изложба ,,Везот – белег на традицијата во Кратовскиот регион“ која има за цел да го претстави везот од Кратовскиот регион од фондот на текстилни етнолошки предмети при Музејот на град Кратово
Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура, вечер во Националната галерија на Република Македонија – објект Мала станица ќе ја отвори „Годишната изложба“
Во Културно-информативен центар – Скопје денеска ќе биде отворена изложбата на графики „Look up!” од Ертунч Сали
„Градење климатски отпорна иднина: развој на капацитети за адаптација на климатските промени и управување со ризици од катастрофи во избрани локалитети назначени од УНЕСКО на Југоисточна Европа” е тема на работилницата што од денеска до 21 овој месец ќе се одржува во Охрид во организација на Регионалното биро за наука и култура од Европа, во соработка со Националната комисија за УНЕСКО од земјава
Во Штип викендов ќе се одржи Фестивалот на забавна музика „Макфест“. На денешната прес-конференција беше истакнато дека на фестивалот ќе има познати музички имиња, но и млади таленти
Колку е важно децата да растат со сликовници, да бидат опкружени со книгите и да ја развиваат визуелната култура, беа само дел од темите што Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ викендов ги отвори во Гевгелија
Во рамки на „Октомвриски филмски салон“, утре во Кинотека ќе се прикажува филмот „Брод со Бисери“ – македонски документарен филм на режисерот Александар Зиков и сценаристката и главниот лик во оваа авантуристичка доку-драма Регина Икономовска
Театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп освои две награди на 25. фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово, за најдобар актер и за најдобра сценографија