Во наредниот период членовите на жири-комисија ќе ги разгледа сите пристигнати поетски дела кои конкурирале за наградата „Антево Перо“ за 2022 година и ќе направат првична селекција, по што ќе биде сочинет и потесен список на книги кои ќе останат во конкуренција за престижната награда
Во 87 година од животот денеска почина Петар Наневски, истакнат поет, сликар, есеист, афирист. Живееше и твореше во неговото родно село Ваташа
Во Пехчево промовирана книгата ,,Шепотот на вистината” од младиот автор Елена Николова. Директорката на Домот на култура ,,Јане Сандански” кој беше организатор на промоцијата и честиташе на авторката за издавањето на книгата, потенцирајки дека се работи за дело, кое не ја остава читателската публика рамнодушна
Под мотото „Скопје чита“, од денеска до 12 септември, во комплексот на СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи првото издание на Фестивалот на книгата
Со претстава на Народниот театар од Битола, во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев” синоќа почна првиот интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев”
Во Домот на култура „Јане Сандански” во Пехчево вечерва ќе се одржи промоција на книгата „Шепотот на вистината” од авторката Елена Николова
Дел од програмата „Скопје фелоушип“ на претстојниот 10. Интернационален фестивал на литературата „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје ќе бидат Орор Туја, уредничка и координаторка за странска литература во француската издавачка куќа „Галимар“ (Editions Gallimard), и српскиот писател Владимир Бајац, кој ќе ја претстави својата издавачка куќа „Геопоетика“
Под мотото „Во нови слики“, од 17 септември до 1 октомври годинава во Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ ќе се одржи 19-то издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“
Вкупно 59 научници од 13 земји ќе учествуваат на деветтиот меѓународен научен собир „Његошеви денови“, што од утре до 10 септември ќе се одржува во Тиват, Црна Гора
Изложба на скулптури насловена „Ерос“ од Луан Мулиќи, професор и член на Косовската академија на науките и уметностите, ќе биде отворена денеска во 19 часот во објектот Чифте амам на Националната галерија на Македонија, во Скопје