Во библиотеката „Кочо Рацин“ на Националната установа Центар за култура Крива Паланка беа промовирани две книги со песни од поетесата Лила Тодоровска
На 50 цркви и манастири во охридско-струшкиот регион изминатите два месеци направен им е мониторинг за состојбата во која се наоѓаат, во рамките на проектот „Мониторинг на православното културно наследство“, кој го спроведува ИКОМОС Македонија во соработка со МПЦ-ОА, а со финансиска поддршка од Амбасадата на САД
Од денеска до 5 јули во „Ист Гејт Мол“ и СЦ „Јане Сандански“ голем број танчери од 21 држава во Европа, ќе ја претстават својата земја на сцената во склоп на Европското првенство во танци 2022 (IDO European Hip-Hop & Boogie Championships)
Од денеска до 3 јули во Дојран се одржува 12. издание на Д Фестивал на кој ќе настапат повеќе од 150 музички изведувачи и уметници
Излезе прв број на Каирос – меѓународно научно списание со отворен пристап и форум за размена на знаења и идеи помеѓу членови на академската заедница, истражувачи, експерти, студенти и други стручни лица од областа на медиумите и комуникациите
Офицерскиот дом во Битола, изграден во 1912 година, кој претставува споменик на културата, се прогласува за културно наследство од особено значење, подкатегорија големо значење, изјави министерката во Министерството за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска
Македонскиот народен театар ова лето со две различни претстави ќе се претстави на повеќе сцени. Гостувањата на кратката летна турнеја ќе се случат во периодот од 3 јули до 15 август
Со доделување на наградите за најдобрите доцна синоќа беа спуштени завесите на 21. издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“, кој традиционално се одржува во Центарот за култура во Дебар
Во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје излезе од печат книгата „Врвиците на зборот“ од проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ
Вечер од 20 часот на камената бина на плоштадот Александрија во центарот на Прилеп официјално започнува 48. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“