Во кафе книжарницата Буква во Скопје, денеска од 19 часот ќе се одржи промоцијата на стрип албумот „Бестрашниот“ од авторот Дарко Богданов
Во Македонскиот културен центар (Gallery MC) во Њујорк денеска ќе се одржи рецитал на пијанистката Мимоза Ќека
Пламенка Трајковска – гудачки квартет вчера реализираше ексклузивен концерт во православната црква Пресвета Богородица во Истанбул на покана на Светата Архиепископија на Константинопол во општина Јеникој.
Негување на културното наследство како национален приоритет е во фокусот на ЕУ програмите за афирмација на младите луѓе од земјава кои ќе се обучуваат и волонтираат во Фландрија, со цел да се искористат позитивните практики
Центарот за балканска соработка „Лоја“ од Тетово во наредните четири дена го организира јубилејното десеттото издание на филмскиот фестивал „Вач оут“ (Watch out Film Festival)
Текстот „Власт“ на Бранислав Нушиќ вечер ќе се постави на штипската театарска сцена во рамки на проектот „Нушиќ – наш современик“
Од денеска до четврток Гевгелија е домаќин на педесетина млади пијанисти од Македонија, Бугарија и Косово, кои под менторство на познатиот пијано мајстор Глигор Гелебешев ќе учествуваат на јубилејниот десетти меѓународен натпревар за млади пијанисти „Гевгелија 2022“
Младите таленти ќе ја промовираат културата и ќе го негуваат културното наследство преку добрата практика на транснационалната културна соработка меѓу земјава и Европската комисија, се согласија на средба во Брисел министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и генералната директорка за образование, млади, спорт и култура на Европската комисија, Темис Кристофиду
Наградата „Рациново признание“ за најдобро прозно остварување за 2022 година му се доделува на авторот Александар Русјаков за романот „Хотел меѓу две војни“
На деветтиот Фестивал на актерот во Коњиц на кој учествуваа девет професионални театри од регионот: Србија, Хрватска, Р Македонија и БиХ, нашата актерка Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ