Здружението на просветни работници на Град Скопје во соработка со ликовниот уметник Живко Поповски – Цветин денеска на пладне на улица „Македонија” пред спомен куќата на Мајка Тереза, ќе организира ликовна изложба на отворено насловена „Мироносна изложба на пријателството”.
Од денеска до 26 декември во хибридна форма ќе се одржува интернационалниот филмски фестивал „Богородичен покров“, кој има за цел да ги шири духовните, хумани и културни вредности. Ова е единствениот филмски фестивал од ваков жанр во нашата држава.
Во рамки на „Најново нормално декември“ – проект на Институтот за култура и уметност „Арс акта“ – Скопје во соработка со Националната Галерија од денеска до 15 декември ќе биде отворена изложбата „Сонот на Ташковски“ – кураторски едукативни разгледувања.
Во галеријата на Факултетот за ликовни уметности – комплекс Педагошки факултет, вечер ќе биде отворен уметничкиот настан Дестилација на бои и звуци, чиј автор е визуелниот уметник Стефан Шашков.
„Метаморфоза“ е насловот на изложбата на уметникот Бојан Ковски која ќе биде отворена вечер во Младинскиот културен центар. На изложбата, со која авторот одбележува пет години творештво во оваа гранка, ќе бидат поместени десет платна со боди-арт и две живи скулптури.
Од денеска е отворен петтиот конкурс за краток расказ „Бибер“, на кој дела може да праќаат авторки и автори кои пишуваат на македонски, албански, босански, црногорски, хрватски или српски јазик, афирмирани автори, како и оние кои досега немаат објавувано.
ечерва со почеток во 19 часот во изложбениот салон на НУ центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложбата „Распетие на светлината“ од авторката Марија Величковска, информираа денеска од НУЦК.
Во КИЦ на Македонија во Софија денеска ќе се одржи музичко едукативна претстава за деца и родители „Приказна за Моцарт“, во која учествуваат децата од Детското драмско и музичко студио при Здружението „Детски Свет“ од Скопје.
Поздравно обраќање ќе има на в.д. директорката Јелисавета Костадинова, по што д-р Марина Мијаковска, виш библиотекар ќе даде осврт за изложбата „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“ којашто ја подготви тим од библиотеката.
Во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска ќе се одржи поетско читање насловено „Златоврв“ посветено на великанот на нашата книжевност Блаже Конески.