По повод 100 години од раѓањето на Марлон Брандо, Кинотеката денеска, утре и на 22 јуни со почеток во 20 часот, ќе прикаже три филма во кои великанот на филмот е во главната улога.
Предавањата ги организира Јапонската фондација, Институтот за антропологија и етнологија и Друштвото на македонско-јапонско пријателство во соработка со Амбасадата на Јапонија.
Од Здружението посочуваат дека изложбата презентира нов начин на промовирање и претставување на облековната култура од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век, конципирајќи ја како мода, наместо како традиција.
Иако е професор по биологија, Јаулески е вистински почитувач на старата македонска традиција и со својата желба и умешност докажува дека годините не се пречка да се учи нешто ново.
Изложбата ја отвори кинескиот амбасадор во Скопје, Џанг Ѕуо, а ја организираа ЛУ Народен музеј и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“.
Покрај музичкиот настап, Центарот за култура соопшти дека двете уметници ќе одржат работилница и предавање во соработка со Средното музичко училиште од Струга.
Со доделувањето на наградите и со концертот на Добрила и Дориан дуо во чест на наградените синоќа во Прилеп и официјално заврши 58. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
Во контекст на фестивалското мото „Промени се, промени сѐ“ Стојаноска се надева и очекува промени во македонскиот театар иако со мали чекори, а Фестивалот да продолжи да се бори за местото единствен, значаен традиционален театарски фестивал.
Струмичката претстава доби уште две награди: за главна машка улога за Васил Михаил за улогата на Силјан и за женска епизодна за Анкица Бенинова за улогата на Сања.
Како што беше речено денеска на прес-конференција, на Конкурсот ќе се финансираат најмногу три проекти со по 100 000, 80 000 и 60 000 денари.