По петгодишна пауза синоќа во Охрид беше отворена изложбата „Денови на македонска фотографија“, што 59-ти пат се одржува во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид и Фото сојузот на Македонија.
Во најпрестижната сала за класична музика „Бугарија“ во Софија, денеска концерт ќе одржат четворица македонски и бугарски изведувачи, кои се дел од Софиската филхармонија
Во новиот салон на Галеријата „КО-РА“, вчеравечер е отворена изложба на педесетина цртежи во акрилик, комбинирана техника на м-р Јасминка Новковска, насловена „Светци“, а од уметницата наречена „Нова современа авангардна симболична уметност“
Детскиот културен центар – „Карпош“ викендов трета година по ред го реализира Фестивалот и натпревар на народни и класични инструменти под наслов „Инструментите на моите предци“, кој е под покровителство на Град Скопје
Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија денеска македонски и бугарски поети ќе учествуваат на 15-тото издание на Мајски средби на словенските творци „Свето Слово“ Бургас
Во организација на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе се одржи Национален квалификациски натпревар по кинески јазик „Кинески мост“
Од повеќето содржини на манифестацијата, вреди да се издвојат театарската изведба „Госпоѓица Јулија“, на студентите од класата на Проф. Мето Јовановски и настапот на младите музички уметници од класите на Проф. Љупчо Коскаров и Проф. Дарко Мариновски.
Македонскиот поет Митко Гогов денеска ќе биде дел од меѓународно читање што го организира Интернационалната федерација на писатели за слобода од Буенос Аирес, Аргентина.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во изминатата година, бројот на организирани ликовни изложби изнесува 314 и во споредба со 2019 година е намален за 41,7 отсто
Вчера вечер, во Кинотеката на Македонија свечено беше отворен 11-тиот Филозофски филмски фестивал. Неповолните временски услови не беа пречка да се задржи љубопитноста кај вљубениците на филмот коишто во голем број присуствуваа на првиот ден од Главната програма