За време на промоцијата, авторот Томислав Османи преку видеоснимка рече дека станува збор за книга која не се базира само на изразувањето на сопственото авторско его, на интимата, тука се обидува да ја опфати и да ја согледа и судбината на современиот свет.
Прецизните услови за конкурирање се објавени на страницата на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, во „Лирскиот дом на Ацо Шопов“.
Драмски театар од Скопје со претставата „Хеда Габлер“ на 27 мај гостува во Сараево, каде од 24 до 29 мај во организација на Камерни театар 55 се одржува босанскохерцеговското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА.
Кинотека соопшти дека оваа година ќе го реставира филмот МИС СТОН на Жика Митровиќ, во рамки на проектот „Сезона на филмски класици“ кој е во организација на Европската асоцијација на кинотеки – „ACE - Association des Cinémathèques Européennes“ .
Дизајнот на кориците е од илустраторката Александра Софрониеска. Таа на настанот посочи дека уживала во процесот на дизајнирање и оти големо е задоволството крајниот резултат да се види во печат.
Актери од девет држави ќе се натпреваруваат на 25. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, кој од 25 до 31 мај ќе се одржува во Битола.
Според агендата, државно-црковната делегација попладнево ќе присуствува на концертот на македонските уметници.
Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб вечер ќе биде отворена самостојната изложба на уметникот Синиша Новески насловена „Мистерија и индивидуализам“.
Ретроспективната изложба на Драган Верговски – Алпи вечер, во 20 часот, ќе биде отворена во галерискиот простор на Чифте амам. Изложбата ќе биде поставена еден месец, до 23 јуни 2024 година.
Во рамките на 52. издание на „Мајски оперски вечери“ вечер на сцената на НОБ ќе биде изведена операта „Тоска“ од Џакомо Пучини под диригентската палка на Паоло Бресан од Италија, а во режија на Огњан Драганов од Бугарија.