Под мотото „Слобода и правда“ граѓаните од Струмица кои се против ковид мерките денеска повторно излегоа на протестен караван со патнички возила и вклучени сирени.
Со изведба на театарската претстава „Вистина или лага“, се „врати“ драмскиот аматеризам во Делчево. Претставата како што истакна директорот на делчевскиот центар за култура Методи Толевски, после подолг период е поддржана од Министерството за култура
Струмичкото комунално претпријатие ја почна акцијата за кроење на дрворедите низ Струмица. Денеска со механизација и рачно се работеше на улицата „Маршал Тито“, а уредувањето ќе продолжи и на други улици во наредните денови
Универзитетот во Тетово организираше турнир во шах во чест на осумдесет и првиот роденден на основачот на установата проф. д-р Фадил Сулејмани. Турнирот се одржа во спортската сала на Универзитетот со поддршка на шаховскиот клуб Шкендија од Тетово
Штипскиот Музеј до крајот на годината треба да ја заврши валоризацијата на старата штипска населба Ново Село
Градоначалникот Тони Коњановски во обраќањето на свеченоста ја нагласи петдецениската поврзаност на Битола и Епинал, потенцирајќи дека во идниот период, истата треба постојано да се развива и надградува
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен јужен ветер
Прилепскиот Институт за старословенска култура има нова лабараторија која ќе понуди прецизни податоци за сите архелошки наоди, а ќе нуди и услуги на институции за потребни анализи. Лабараторијата е ретка во регионот и ги достигнува европските стандарди
Прилепските јавни-комунални претпријатија со механизацијата денеска спроведоа голема акција за чистење на диви депонии на периферијата од градот. Се чистеше на потегот од клучката кај „Салида“, по регионалниот пат Прилеп-Битола, до бензинската пумпа на „Лук Оил“
Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри има на планинскиот превој Стража, од 50 – 100 метри во Крушево и до 100 метру на патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир