Времето во земјава ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец.
Речиси секојдневните пожари на дивите депонии во руралните области и обработливите површини резултираат со десетици изгорени хектари земјишта, а во опасност се доведуваат и станбените објекти- куќи на жители во тетовските села, алармираат од тетовската противпожарна единица
Познатото македонско древно светилиште, Бигорскиот манастир, вечерва со сеноќно бдение, а утре со Света архијерејска литургија ќе ја одбележи втората манастирска слава, Рождеството на Свети Јован Претеча – Иванден
По обележувањето на хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација во општина Гевгелија по прв пат се изведува акција за машинско обележување на спортските игралишта во сите училишта, како и на теренските игралишта во градот и населените места
Општина Охрид јавно ја објави физибилити анализата за оправданоста за долгорочно задолжување на општината, односно колку е издржана евентуална одлука, градот на брз рок да ги исплати доспеаните долгови преку долгорочно кредитно задолжување кај деловна банка
Постојниот квалитет на услуги кои ги обезбедуваат единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) на веб-порталите не обезбедува ефективна и брза услуга за граѓаните, ниту пак еднаков третман, пристап и достапност за секој граѓанин и правно лице
Во Кавадарци денеска е отворен Младински центар како плод на соработката помеѓу општина Кавадарци, Агенцијата за млади и спорт и Сојузот за младинска работа
Општина Битола ја дополни програмата за животната средина за 2021 година со која ќе го зајакнува приодот кон заштитата на квалитетот на амбиенталниот воздух
Шумите во нашата земја, па и во Малешевскиот регион, се подложни на пожари. Особено во текот на летото и затоа е важно да има навремено мониторирање, превенирање и постапување во случаи на критични настани
Во изминатото шестомесечие на територија на Oпштина Кичево регистрирани се вкупно 92 пожари, што е во рамки на просекот споредено со претходните неколку години