Земјоделците од Светниколско ја одложија денешната блокада на експресниот пат Штип-Велес кај местото викано „Овче Поле“, поради тоа што немаа вода за наводнување.
Кон околу 4.030 производители на градинарски култури исплатена е финансиска поддршка од близу 298 милиони денари.
Седум новинари и новинарки се добитници на овогодинешната награда „Гласник на невидливите“ што ја доделува Македонската платформа против сиромаштија.
Општина Битола, започна со работни активности за реализација на проектот за „Реконструкција на општински пат во населеното место Цапари“.
Стартот на маратонот, како што информира организаторот, е закажан за во 10 часот на Женска плажа, а ќе се рализира во соработка со спортскиот клуб „Соларис“ Струга.
Последните испитувања на водата од Дојранското Езеро од страна на Центарот за јавно здравје Велес покажаа дека е во одлична состојба и е безбедна за капење и рекреација на луѓето.
Земјоделецот Владо Здравковски се пожали дека со децении е истиот проблем за земјоделците од Овче Поле.
Битолскиот градоначалник Тони Коњановски имаше средба со новите 32 студенти од Универзитетот „Свети Климент Охридски“, кои се пријавија и беа избрани на јавниот повик за „Универзитетска летна пракса“.
Македонски семејни винарии и на овој вински натпревар се покажаа во одлично издание, оправдувајќи ја поддршката која во својот развој ја имаат од државата, освојувајќи 81 награда што е половина од вкупната бројка на наградени македонски вина.
Земјоделците од општините Свети Николе и Лозово во 12 часот целосно го блокираа експресниот Штип - Велес кај местото викано Овче Поле, бидејќи немаат вода за наводнување за своите ниви од Хидросистемот „Брегалница".