По денешната средба во Охрид со градоначалникот Константин Георгиески, нагласи дека Европската Унија ја поддржува вклученоста на заедницата во адресирање на прашањето за заштита на регионот на Охридското наследство.
Сеидбата на земјоделските култури во текот на есента во општина Виница е реализирана на 650 хектари од планираните површини, со што планот е исполнет со 99,5 отсто.
Државниот инспекторат за животна средина по претставка од граѓани извршил надзор врз инсталацијата „Фагус“ во Пехчево, при што утврдил дека двете котлари што согоруваат отпаден дрвен материјал од технолошкиот процес потенцијално емитираат прашина и штетни гасови и дека досега, спротивно на обврските утврдени со одобрениот Елаборат за заштита на животната средина, не се вршени мерења од акредитирана лабораторија
Инвестирање во заштита од прашината од каменоломот, одржување на патот кој се користи од камиони и тие побавно да возат, се барањата кои денеска ги истакнаа жители на росоманско Камен Дол, на мирниот протест пред селото
Општина Битола ја привршува санацијата на кровот на детската градинка „Вангел Мајорот” во населбата „Карпош”, а променета е кровната површина и во детската градинка „Пролет”
Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски е позитивен на Ковид-19 вирусот. Веста Трајковски ја соопшти на својот официјален фејсбук-профил во кој вели дека своите обврски во наредниот период додека трае изолацијата ќе ги извршува од дома
Водостојот на реката Пчиња кај Пелинце во општина Старо Нагоричане, денеска изнесува 60 сантиметри, што е за осум сантиметри пониско во односна вчерашните мерења, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи
Општинска организација на Црвен крст Тетово заедно со стручни тимови од Центар за трансфузиона медицина Тетово оваа недела организира две крводарителски акции
Нивоата на речиси сите реки во земјава се зголемени, некои дури имаат и тројно повисоки водостои, покажуваат денешните хидролошки мерења
На предлог на Романо Проди, поранешен италијански премиер и претседател на Европската Комисија, оваа пролет, ќе бидат објавени Зборник и видео издание на Охридската академија на хуманоста, по одржувањето на Мегународната Конференција: „Охридската школа на хуманизмот, од Средниот век до денес, во Европа и во светотот“