Откако беа донесени законските олеснувања, за околу четири месеци, во Кавадарци се регистрирани 16 семејни винарии, вели за МИА претседателот на Здружението „Тиквешки семејни винарии”, Горан Јаковлевски.
Од Центарот за јавно здравје информираат дека покрај 53-те нови случаи на коронавирус, 15 лица оздравеле од заразната болест. Бројот на активни случаи сега е 389, од кои 336 се наоѓаат на домашно, а 53 на болничко лекување.
Австрискиот амбасадор Георг Вуцас и постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан, денеска има средба со министерот за здравство Венко Филипче за тековната состојба со Ковид-19.
Во крајна фаза е уредувањето на внатрешноста на новиот конак во Лешочкиот манастир, што започна да се гради на 1 февруари оваа година. Со завршување на објектот и дворот, следува уште асфалтирање и уредување на паркингот зад конакот со што ќе заврши целиот проект.
Вкупно триесет примероци сувенири, рачно сликани на порцелан беа доделени на Градскиот музеј – Крива Паланка, како дел од проектот „Традиција насликана на порцелан”.
Општина Куманово е една од петте пилот општини во државата која ќе се дигитализира во рамки на проектот „КОВИД – 19 брза реакција преку јавен повик за дигитализација на услугите на локалната самоуправа“ кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој и УНДП.
Градежната компанија Викторија Инвест утре ќе се започне со изведување градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата помеѓу селата Климештани – Мешеишта, каде ќе има изменет времен режим на сообраќајот
Повремен дожд во северните делови од земјата и мало опаѓање на температурите најавуваат од УХМР за утрешниот ден
Општина Ново Село ќе набави возило за мобилна амбуланта за пружање здравствени услуги во населени места кои не можат да ги користат во местото на живеење, соопштија од Општината
Струмичани најмногу сакаат да гледаат театарски претстави и театарски фестивали, потоа да посетуваат изложби во музеите и понуди од галериите и на трето место е посетата на музичките фестивали