Општина Ново Село ќе набави возило за мобилна амбуланта за пружање здравствени услуги во населени места кои не можат да ги користат во местото на живеење, соопштија од Општината
Струмичани најмногу сакаат да гледаат театарски претстави и театарски фестивали, потоа да посетуваат изложби во музеите и понуди од галериите и на трето место е посетата на музичките фестивали
Нивоата на реките низ земјава не бележат позначителни промени во однос на вчерашните вредности. Како што покажуваат денешните хидролошки мерења, и натаму нивото на Вардар кај Јегуновце е драстично намалено во однос на просекот за октомври
Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец
Евроамбасадорот Дејвид Гир, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Петре Шилегов, денеска официјално ќе го означат почетокот на повикот за предлог-проекти „ЕУ за општините“ вреден 5 милиони евра, кој има за цел да ги зајакне единиците на локалната самоуправа преку три приоритети на ЕУ: солидарност, соработка и „зелен„ пристап
Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Oдделението за уво, нос и грло во прилепската градска болница веќе прими десет пациенти со полесна клиничка слика на коронавирусот. Со ова се растовари притисокот на Инфективното одделение кое е полно со пациенти.
Правејќи преглед на состојбата во втората фаза од болеста, поточно од петти јуни, кога повторно се врати на ова подрачје, според вчерашните официјални податоци, со Ковид-19 биле заразени 269 лица од двете општини.
Во штипската градинка „Вера Циривири-Трена“ има позитивен случај на коронавирус. Станува збор за вработен од техничкиот персонал, информираше денеска вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов.
Директорот д-р.Митко Крџев потврди дека во завршна фаза е доградбата на Дневниот прифатен центар каде се врши тестирање на пациентите, со цел да се обезбеди простор за уште осум болнички кревети за пациенти кои примаат дневна терапија и чекааат резултати од ковид тестовите.