Во овој дел е поставена и нова заштитна ограда со цветни аранжмани со што се разубави влезот од оваа страна на градот.
Во рамките на редовните средби со невладиниот сектор, денеска во Струмица, министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оствари средби со граѓански организации кои застапуваат права на маргинализирани групи.
Протестите и реакциите ќе станат порадикални доколку не се преземат мерки да се стопира минирањето и жителите да добијат објаснување.
Миланова-Коцева посочува дека се задоволни од процентот на вакцинирани деца во Штип и регионот. Свеста е голема вели таа, додавајќи дека ова е причина поради која во овој регион нема заразени деца со голема кашлица.
За првомајските и велигденските празници во Дојран се очекува да престојуваат над 10 илјади туристи, соопшти градоначалникот Анго Ангов.
Во среда ќе има изолирана, а во четврток на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме, соопшти УХМР.
Во средното училиште „Кузман Шапкарев” во Битола ќе има паралелки за фудбал и ракомет, а паралелки за кошарка во „Перо Наков” - Куманово и „Ѓорче Петров” – Кавадарци.
Претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје Александар Николовски е избран за претседавач на Националното студентско тело со мандат од една година односно до април 2025.
Во втората половина на месец Април, Театар „БОЕМИ„ - Скопје го реализира овој проект во општините Кисела Вода, Гази Баба и Куманово. Со проектот се третираат манифестациите на насилниот екстремизам и неговите форми во училиштата во со проектот опфатените општини.
Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.