Во рамки на проектот „Поддршка во време на Ковид-19 кризата за ромите и ранливи категории“, невладината организација „Тернипе МК“ од Делчево денеска додели 65 пакети со хуманитарна и санитарна помош за социјално загрозените и маргинализираните групи, на локално ниво.
-Работите успешно завршија, и вчера при кота на Охридското Езеро 693,17 метри надморска висина заврши понатамошното намалување на нивото. Дозволените коти на Охридско Езеро согласно Водостопанската дозвола на АД ЕСМ се движат од 693,75 до 693,10 метри надморска висина, посочуваат од ЕСМ.
Светиниколска Река синоќа била загадена со жолта течност, околу 30 минути водата била обоена, за што локалната власт ги известила и полицијата и инспекторите. Надлежните од Општина Свети Николе велат дека по добиената дојава за истекување на жолта течност во Светиниколска Река на потегот под полициската станица, извршен е надзор од страна на инспекциските служби на општина Свети Николе
Со поставување бетонска основа и поцинкувана мрежа на неа од страна на комуналните работници, општина Гевгелија го заврши уредувањето на двата детски парка лоцирани кај општинската канцеларија и пред црквата во селото Богородица токму во пресрет на прославата на селскиот панаѓур по повод рождеството на пресвета Богородица
По барање на Општинскиот штаб за заштита и спасување, заради зголемениот број на новозаболени од корона вирусот, вчера и денеска се изведува нова акција за дезинфекција на улиците и јавните површини на територијата на градот Гевгелија и населените места во општината
Поединци прават штети во паркот кај Спомен костурницата во Неготино, реагираат од неготинското еколошко здружение ,,Ековита”
Со зголемување на бројот на позитивни лица со Ковид-19 на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце, зачестени се и контролите за почитување на уредбата за задолжително носење заштитни маски
Осумдесет деца не тргнаа во „Клон 2“ од струмичката градинка „Детска радост“, бидејќи не можат да влезат во стариот објект
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и бригадниот генерал Аристедеис Илиопулос, командант на Бригадата за Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), денеска остварија средба во општина Куманово на која разговараа за идната соработка. Штабот на СЕЕБРИГ е сместен во кумановската касарна „Боро Менков“
„Авицена лабораторија“ стави во функција комплетно нов, посебен простор за земање примероци за тест за Ковид-19, кој е целосно физички одвоен од постојниот влез на лабораторијата и од постојната чекалница