Започна вториот дел од хуманитарната акција на компаниите членки на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија, со донација на дезинфикциони средства на ЈЗУ Општата болница во Охрид од страна на автомат клубот „Астра“ во износ од 20.000,00 евра.
Изградбата на првата социјална зграда во Виница се интензивира и се очекува во планираниот период од 18 месеци објектот да биде завршен
Општина Маврово и Ростуше ги ослободува деловните субјекти од плаќање комунална такса за истакнување фирма за период од една година
Врз основа на конкурсот на МОН за упис во прва година, во учебната 2020/2021, во трите средни општински училишта,колку што функционират во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше, можност за упис имаат 544 завршени основци
До четврток во попладневните часови ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Сепак, ќе биде топло со максимални температури кои ќе се движат околу 30-тиот степен
Во куќа во кумановското село Ваксинце полицијата вчера пронашла 51 мигрант, меѓу кои имало и шест малолетни лица
Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просекот за јуни и главно се скоро на истото ниво како вчера со понекаде благо зголемување или намалување, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи
Денеска ќе се одржи третиот Вебинар на тема „Лажните вести како хибридна закана“ во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Факултетот за безбедност – Скопје и Фондацијата „Конрад Аденауер“ од Германија во рамки на регионалниот проект „Влијанието на пандемијата врз функционирањето на безбедносниот систем, јавните политики и надворешните односи во услови на вонредна и кризна состојба“
Во детската градинка „Весели Цветови” нема ниту еден позитивен случај на КОВИД-19, по извршениот скрининг на вработените од страна на Центарот за јавно здравје. Од градинката информираат дека во рамки на скринингот беа опфатени вкупно 58 даватели на услуга во градинката
Се нормализира работата во подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување во Штип, откако минатата недела зградата во којашто е сместен беше затворена, бидејќи и кај нив имаше еден позитивен случај на Ковид-19, двајца беа во самоизолација