На трибината со наслов „Аутизам, достигнувања, предизвици и институции“ учесниците зборуваа и за третманот на учениците со аутизам во образовните институции во општина Гостивар.
Борче Петревски дефектолог во ООУ „Ванчо Прќе“ посочува дека целта на ова дружење е да се помогне во надминување на стереотипите и социјализацијата кај децата со потешкотии при развојот.
Изложбата, додаваат, во комбинација со едукативните активности во природа, како и акциите со граѓанска наука, го комплетира едукативното искуство за сите љубители на природата.
На иницијатива на организацијата „Про Локал“ во Битола денеска е формирана регионална платформа за млади во која ќе членуваат девет општини и девет организации од пелагонискиот регион.
Министерството за образование и наука и Мисијата на ОБСЕ во Скопје објавија втор повик за предлози во рамки на проектот на Мисијата „Градење нови мостови“, кој е дизајниран да ги подобри односите меѓу младите со различно потекло и јазици во текот на училишниот ден
Рокот за доставување на пријавите и потребната документација е 10 април 2024.
Општина Тетово во соработка со сите општински училишта денеска на градскиот плоштад организираше активност по повод Меѓународниот ден на аутизмот, под мотото „Светот не би имал живот без боите“. Учениците изработуваа цртежи и други ликовни творби со цел да се подигне свеста за аутизмот.
Центарот за јавно здравје Куманово прогласи епидемија на пертусис на ниво на Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Епидемиологот доктор Едита Размизи кажа дека од 26 пријавени на ниво на Центарот, 23 заболени се во Куманово.
Пуштена е во употреба првата катна гаража на улицата „Ванчо Прќе“, која се наоаѓа зад Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Градоначалникот Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека во првата катна гаража се инвестирани околу десет милиони денари.
Утринските температури ќе бидат во интервал од 2 до 11, а масксималните дневни ќе достигнат 29 степени.