Јавната установа Национален парк Шар Планина (ЈУНП. Шар Планина) забрани движење со моторни возила-ратраци надвор од дозволените патишта на територијата на паркот, со цел да го заштити природното наследство.
Меѓународно акредитиран конгрес, со светски познати имиња од областа на денталната имплантологија ќе се одржи во Скопје, во хотел Хилтон од 18 до 20 април. На конгресот ќе учествуваат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од целиот свет.
Комплетните пријави треба да се достават на: job@transparency.mk најдоцна до 15 март 2024 година.
Екипите на ЕВН при повторно вклучување не можеле да интервенираат бидејќи немале пристап поради паркирани возила, по што интервенирала и пајак службата, додаваат од ЕВН.
Гостите од Франција од 8 овој месец се во студиска посета на земјава, со цел да се истражи младинската работа, да се разменат искуства и да се осознаат начините на кои локалните власти ги поддржуваат младите.
Со предавањето на клучот од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на карневалистите, вечер почнуваат осумдневните карневалски празнувања во Струмица, а веднаш потоа треба да биде отворена изложба на карневалски маски на СОУ „Јане Сандански“.
Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски вечерва, коментирајќи ги актуелните случувања во агро секторот, оцени дека е лицемерно пред избори да се ставаат во функција системи кои „не се пипнати“ седум години.
Дел од граѓаните кои живеат во близина на коритото на река Пена каде што беше извршено сечење на дрвја бараат државната установа надлежна за шуми да ги отстрани дрвјата од коритото. Тие велат дека се плашат од опасноста од поплави затоа што се останати исечените дрвја во речното корито.
Во детската градинка „Брешија“ во Дебар нема невакцинирани дечиња со ДиТеПер, потврди за медиумите директорката Ајрие Дачи.
Над 60 деца денеска се вакцинирани со ДиТеПер вакцина во вакциналниот пункт на здравствен дом Куманово, соопштија лекарите. Поголем дел од нив се деца на предучилишна возраст кои примаат ревакцина.