Процедури кои набрзина и кои по скратена постапка се носат, без транспарентен процес и јавна консултација, како што и налага Архуската конвенција, значи само прекршување на основните демократски начела и дополнително загрозување на животната средина
Изминатото деноноќие, од вкупните 1.944 повици на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, „реални“ повици биле 31,28 отсто, а 68,72 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни, се наведува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
По пукањето пред Ургентниот центар во тетовската болница нема пријави за повредени пациенти или медицински персонал, изјави д-р Бобан Вучевски од Клиничка болница Тетово. Тој информираше и за состојбата на двајцата браќа кои се однесени во Клиничкиот центар во Скопјe.
Завршија градежните работи на десната страна на кејот на река Вардар во Велес во должина од 200 метри на потег од мостот „Гемиџии“ до Мало Мовче.
Со ваквите инвестиции, централното градско подрачје во Штип добива модерен и современ излед. Тој истакна дека проектот е по барање на граѓаните и реализирање на дел од нивните потреби. Граѓаните на терен се задоволни, велат дека со ова се добива нов изглед во центарот на градот.
Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во нашата земја, Дејвид Гир, денеска престојуваше во посета на Општина Струмица и се сретна со градоначалникот Костадин Костадинов.
-Во Македонија ни е прва цеква, имаме работена на една во Србија и десетина во Бугарија. На балканот оваа техника се појавува од пред десетина години, но овде е ретка. Очекуваме некаде за месец ипол да завршиме овде и потоа да видите каков е финалниот изглед, додаваат мајсторите.
Туристи од Лерин, Воден, Костур и други градови од Грција се зачестени посетители на Зоолошката градина во Битола, изјави за МИА, Јане Гилевски, директор на таа општинска јавна установа.
Демири вели дека проблем има и поради тоа што во приватизираниот дел од дворот спаѓа и дел од местото каде се наоѓаат резервоари за нафта.
Директорката на Државниот инспекторат за труд (ДИТ) Весна Томовска вели дека по извршениот надзор ја има утврдено фактичката состојба.