Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека е прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Скопје и Струмица.
Илјада деца веќе најавија учество на годинешната бадникова поворка низ улиците на Охрид, што традиционално се одржува на Бадник, ден пред големиот христијански празник Божик.
Станува збор за реконструкција на постоечките спортски терени на кои имаше и атлетска таратан патека, а кои повеќе години се руинирани и запоставени.
Кумановци и граѓаните од општините од североистокот, лани поднеле 120 претставки до канцеларијата на Народниот правобранител во Куманово, информираа денеска од канцеларијата. Бројот на поднесените претставки е на ниво од претходните години.
Општина Битола гради три нови паркинг простори, спортски игралишта, улици, а во функција ќе биде и електронската наплата на данок на имот и интегриран ГИС систем и систем за електронски постапки.
Околу 600 деца ќе учестуваат на Бадниковата поворка, што в сабота ќе се одржи низ струшките улици, информира Лидија Николовска од организацискиот одбор.
Покрај улиците во кои се воведува еднонасочен сообраќај се третираат и делови од улиците кои се крстосуваат со нив, односно делови од улиците „Коле Неделковски“ и „8-ми Септември“, како и улица „Браќа Поп Јорданови“ која претставува конекција помеѓу улиците „Архиепископ Михаил“ и „Љубен Весов“.
Центарот за управување со кризи ги информира граѓаните дека од сабота попладне во земјата ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини и врнежи од снег. Во понеделник ќе настапи значително заладување и врнежите ќе преминат во снег.
На Гинеколошко-акушерското одделение при Општата болница со проширена дејност во Кочани вчера попладне е извршено првото породување во 2024 година, а се родило женско бебе.
Во Скопје денеска и утре ќе се задржи магливо време со пониска дневна температура.