Околу двесте жители на селото Герман, во Општина Ранковце, деветти ден се отсечени од сообраќајна комуникација со општината поради обилните снежни врнежи што ја зафатија државата, а во овој реон создадоа снежна покривка од околу осумдесет сантиметри, информираат од Подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување – Крива Паланка.
Ниските температури во изминатиот период придонесоа изутрината да биде регистрирана максимална потрошувачка на геотермална вода од системот „Геотерма“ во Кочани. За само два дена испораката достигнала 11,5 илјади кубни метри топла вода дневно, што во комуналното претпријатие „Водовод“, кое стопанисува со системот, го оценуваат како рекордно ниво.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта денеска изјави дека е завршен автопатот Миладиновци-Штип и оти очекува да биде пуштен до крајот на месецов по техничкиот прием за што се подготвува документацијата.
Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан во 11:45 часот, соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“.
Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, информира Јавното претпријатие „Македонија пат“.
– Врнежите од снег во изминатите денови и ниските температури создадоа тешка ситуација во областа Голо Брдо и Гора. Сите патишта кои водат до областа Голо Брдо и областа Гора се целосно блокирани. Македонците и другите жители во двете области се отсечени од светот. Резервите на храна се при крај а немаат ни основна здравствена заштита, стои во соопштението на друштвото.
На терен е механизација со плуг за расчистување а кашестиот снег.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Тетово, Попова Шапка, Маврово и Дебар.
Без снег, со сончеви периоди и температури од -4 до 4 степени, најавува за денешниот ден Управата за хидрометеоролошки работи.
Општините потрошија илјадници евра за набавка на опрема и сол, и да не забораваат дека треба да ги употребат.