Обилните врнежи од снег, присутни последните деновиве и на територијата на Албанија, ја блокираа областа Голо Брдо, населена главно со Македонци. Во ова ридско-планиснко подрачје, дебелината на снежната покривка достигнува на одделни места и околу еден метар.
Снегот што врне два дена непрекинато во Кичево и Кичевско, веќе предизвикува големи тешкотии во одвивањето на собраќајот. Во градското подрачје снежната покривка изнесува 30 сантиметри, а пак во руралните средини покривката е двојно поголема.
Новогодишниот турнир во мал фудбал ,,Есперо“, што по повеќе од десет година беше обновен во Гевгелија по иницијатива на организаторот ФК „Кожуф“ и под покровителство на Општина Гевгелија, заврши со триумф на екипата ,,Пајдаков-Бекарт“ од Гевгелија која во финалето ја совлада екипата на ,,Казино Фламинго“ со убедливи 5:1.
Снегот кој во текот на вчерашниот ден непрекинато паѓаше околу 15 часа,на територијата на општина Гевгелија не создаде никакви проблеми во одвивањето на сообраќајот на локалните, регионалните патишта и на градските сообраќајници.
Потрошувачката на вода во Крива Паланка е зголемена за дваесет отсто во периодот на поларни температури, кои деновиве во текот на ноќта се спуштија и до 15 степени под нулата, информираат од Секторот водовод и канализација при ЈП „Комуналец“ Крива Паланка. Раководителката на секторот, Валентина Велеска вели дека зголемената потрошувачка се надоместува со дотур на дополнителни количини вода во резервоарите.
Во Маврови Анови снежната покривка достигна 73 сантиметри, додека во Попова Шапка паднаа 40 сантиметри снег. Во Крушево има 39 сантиметри, 33 во Битола и Охрид, 32 во Претор и Пожаране, 30 во Лазарополе, 27 во Тополчани, 24 во Дебар, 21 во Ѓуриште, 16 во Тетово и Берово, 15 во Струмица и Прилеп.
Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од снег, повеќе во западните и северните делови. Снежната покривка во овие делови дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во текот на изминатата вечер во Општина Карпош беа фрлени 35 тони сол, за полесно топење на снегот и побезбедно движење на граѓаните и сите учесници во сообраќајот.
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила поради снежните врнежи од 13.20 часот е воведена на планинскиот превој Буково на патниот правец Ресен Битола, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Снежните врнежи го блокираа сообраќајот на повеќе патишта во Македонија кон повисоките населени места, во сила се забрани за камиони преку повеќе планински превои, а движењето на возилата е отежнато и забавено. Ависообраќајот на Меѓународниот аеродорм Скопје досега се одвива проблеми и според информациите од веб страницата, се реализираат полетувањата и слетувањата.