Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат. Забрана од 7:30 минути е воведена за движење на тешки товарни возила поради интензивни врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража
Температури под нулата се регистрирани секаде во Македонија утрово. Најстудено било во Берово -14 Берово, -12 Битола, Лазарополе и Струмица
Времето ќе биде студено, претпладне со слаб снег на западот, а ќе дува краткотрајно засилен северозападен ветер поизразен на северот.
По литургијата во црковниот храм „Св.великомаченик Димитриј“ во Крива Паланка, на централниот градски плоштад се одржа прославата на Бадник во организација на локалната самоуправа и годинашниот кум, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Од гостиварското архиерејско намесништво на учесниците во поворката им даруваа пакетчиња, крстиња, овошје и брошури со верска содржина.
Во Скопје и во уште неколку градови во Македонија денеска се организираат детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик.
Берово во изминатите десетина дена беше едно од најпосетените места во Македонија. Причина за ова како што наведуваат туристичките работници се Новогодишните и Божикните празници кои придонесоа во најголем дел да бидат резервирани сите поголемите туристички капацитети во градот. Меѓу најбројните гости, според угостителите, се туристите од Бугарија, но и гостите од Скопје.
Во селото Горно Оризари, во близина на Велес, попладнево целосно изгоре столарската работилница на Алија Авдовиќ жител на ова село. Во огнената стихија изгореле и машините и материјалите за работа, но, за среќа нема жртви.
Во Штип пред споменикот посветен на фудбалската легенда Драгослав Шекуларац, кој се наоѓа пред Центарот за култура „Ацо Шопов“ и Правниот факултет денеска се одржа комеморација на која присуствуваа негови роднини, спортски работници, пријатели и градоначалникот на Општина Штип.
Околу 230 дечиња од Преспа пеејќи ја „Вечниот бог“ и други коледарски песни ноесејќи макета од пештерата во која е роден Исус Христос денеска во Ресен ја најавија големата радост за Христовото раѓање.