По повод ненадејната смрт на Проф. Д-р Јован Стојаноски, Градоначалник на Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство – Охрид организира Комеморативна седница во понеделник, 17.12.2018 со почеток во 09:00 часот.
Со Свечена седница на Сoветот на Општина Градско денеска во салата на Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско беше одбележан 16 декември – Денот на Општина Градско и 22. години од нејзиното постоење.
Управата за јавни приходи (УЈП) денеска пред бизнисмените во Струмица го презентираше новиот Закон за прекршоци.
По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, Советот на општина Охрид утре ќе одржи вонредна седница, закажана од 10 часот.
Конфередерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска на мирен протест во Прилеп ги повтори барањата за зголемување на платите во јавниот сектор, усогласеност со минималната плата и исплата на К-15. Синдикалците побараа работа без притисок и мобинг, почитување на законите и колективните договори. КСС исто така се противи на најавениот трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор.
Премиерот Зоран Заев денеска испрати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.
Одрони го попречуваат движењето на патот Делчево – Македонска Каменица. Одроните се најзабележителни на потегот од село Илиово до село Луковица каде дел од нив ги пробиле заштитните мрежи и го отежнуваат движењето на сообраќајот во тој дел од патниот правец А3 кој води од Делчево до Македонска Каменица.
Локалната самоуправа на Кочани објави оглас за продажба на 13 парцели во државна сопственост, наменети за изградба на објекти за индивидуално и колективно домување, како и за викендички на Пониква.
Здружението „Срце за животните" од Кавадарци изготви предлог програма за решавање на проблемот со бездомните животни и ја испрати до кавадаречкиот градоначалник , информира претседателот Виолета Николова.
Градоначалникот на Охрид проф.д-р. Јован Стојаноски утрово ненандејно почина на 48 годишна возраст.