Лозарите со лозја во високата зона бараат да плаќаат исто пари за наводнување, како и оние под каналот за наводнување. Барањето го доставија и до подружницата на Водостопанство во Кавадарци.
Веќе традиционално, втора година по ред, и овој декември на 27-ми, 28-ми и 29-ти поголем број ресторани и кафетерии ќе се трансформираат во „Место со срце“ и ќе бидат дел од Новогодишната кампања на СОС Детско село Македонија. Нивната цел ќе биде во овие празнични денови да се поттикне хуманоста, подарувањето радост и Скопје да се исполни со новогодишен дух.
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) на традиционалната новогодишна забава во соработка со Црвениот Крст на Македонија организираше донација на зимски парчиња облека за згрижените семејства во центарот за бездомни лица во село Чичино, Скопје.
Во Галеријата на НУ „Завод и Музеј“ Струмица синоќа беше отворена изложбата на ликовната група „Пресек“ од Струмица.
Движењето за обнова на Кралството Србија до српското Собрание поднесе предлог за измена на Законот за работа, со цел работното време да се скрати од осум на шест часа, а надлежните, претстваниците на синдикатот и на работодавачите, но и експертите сметаат дека начелно иницијативата не е лоша, но дека се уште не е применлива во Србија и оти е потребна детална анализа за тоа.
Во Скопје денеска ќе бидат потпишани спогодба и договори за проектот „Ветерен парк Богданци – втора фаза“.
Засилени инспекциски контроли за време на викендите, аеросолизација согласно временски услови, зачестено миење улици, садење садници, забрана за движење во одредени часови од денот, достава само во одредени периоди, препораки за неизлегување надвор за деца и ученици, се дел од вонредните мерки што веднаш ќе ги примени Куманово за намалување на аерозагадувањето, одлучија советниците на денешната седница.
Општина Охрид упати повик до заинтересираните невладини организации, јавни институции, образовни установи и други субјекти, да достават проектни идеи на објавениот втор повик за апликација со проекти предлози во рамки на ИПА – програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија за периодот 2014-2020 година.
Првиот контингент со термопан прозорци и врати, произведени од две фирми во Дебар и Центар Жупа, тргнаа за САД. Извозот го реализира фирмата „ APEC Construction”, сопственост на Ибрахим Колари, дебарски бизнисмен кој повеќе од три децени живее и работи во САД.
Крушево е подготвено за Новогодишните и за Божиќни празници. Речиси се исполнети сите сместувачки капацитети, информираат од крушевската локална смоуправа.