Првиот том од Македонската рок енциклопедија,приредена од Тошо Филиповски,беше промовирана во Гевгелија во присуство на голем број љубители на рок и поп музиката од различни генерации.
Група тетовски средношколци денеска го изразија незадоволството од состојбата со аерозагаувањето во градот со мирен протест на градскиот плоштад, од каде се упатија до Општина Тетово. Велат дека локалната власт не презема никакви мерки за подобрување на состојбата и ако продолжи така, ќе почнат со бојкот на наставата.
Се зголемува интересот за пчеларството во Пијанец. Ако пред неколку години младите пчелари беа недоволно едуцирани сега ситуацијата, особено во регионот на Македонска Каменица е обратна. Како што вели пчеларот Младен Николовски од Здружението Еко Кам Мед, освен што сега многу повеќе се знае за пчеларството, се поголем е бројот на припаднички од понежниот пол кои се вклучуваат во процесот на одгледување пчели.
Нуркачи и пиротехничари од Тимот за заштита и спасување под вода на Дирекцијата за заштита и спасување утрово од водите на Охридското Езеро извадија неексплодирана артилериска граната 75мм од Првата светска војна.
Општина Кочани е домаќин на дводневна меѓународна работилница за јакнење на институционалните капацитети во конвенционалното и органското производство на ориз што се реализира со поддршка од инструментот за техничка помош и размена на информации (TAIEX) на Европската комисија и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија.
Германската фабрика „Дрекслмаер" од Кавадарци почна акција за пошумување, а првите дрвца ги посади директорот Лукас Мурингер. Активностите се во координација со Македонски шуми и локалната самоуправа.
Дука, лекар специјалист-уролог во Општата болница во Дебар и до сега го заменуваше градоначалникот во негово отсуство.
Зголемен е водостојот на Вардар кај Јегуновце, Брегалница кај Берово и Штип и на Црна река кај Новаци во однос на просекот за ноември, соопшти денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Се урна покривот на некогашниот Дом на млади во битолското село Бистрица, објект кој е прилепен до подрачното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“.
Намалена видливост до 20 до 30 метри поради магла има на патниот правец од село Лисец до Попова Шапка, соопшти ЈП Македонијапат.