Општина Гевгелија и во 2019 година финансиски ќе помага реализација на проекти од културата и спортот со што ќе ја продолжи традицијата која трае 12 години, соопштија од службата за информирање.
Штипското основно училиште (ООУ) „Гоце Делчев“ е првото дигитализирано училиште во Општина Штип. Директорот, Трајче Димов на денешнта прес-конференција истакна дека во изминатата година со помош на општината и од заштеда на училиштето реализирани се повеќе проекти, со цел подобри услови за едукација на учениците. Во ова училиште инвестирани се дополнителни 2.200.000 денари.
Сметот во централното градско подрачје и главните улици во Велес освен ноќе ќе се собира и дневно, информира Ѓоре Стојанов директор на ЈКП „Дервен“. По бројни реакции на граѓаните, Советот на општината на последната 23-та седница од 5 ноември, ја усвои предог одлугата сметот на овие фрекфентни улици наместо само ноќе отсега да се собира двапати на ден, од 12 до 14 и после 21 часот.
Општина Гостивар во соработка со Здружението на албански издавачи од Македонија денеска во спортската сала „Младост“ отвори „Саем на книгата Гостивар 2018“ кој ќе трае до 28 ноември.
Преку заеднички активности во општините Делчево, Берово и Пехчево ќе се подготвува стратегија за родова еднаквост.
Околу 200 лица се вклучија во кампањата „На секое дете му треба семејство“, а 40 од нив се одлучија да учествуваат на обуки за згрижувачи на деца. Ова го изјави Јулијана Гапо, Национален директор на СОС Детско село, денеска на завршниот настан во рамки на проектот „На секое дете му треба семејство“, во Скопје каде што беа доделени сертификати на 37 згрижувачки семејства.
Матичните стоматолози од Охрид денеска јавно го изразија нивното несогласување со новиот договор што им е понуден од Фондот за здравство, притоа истакнувајќи дека нивен став е да не го прифаќаат истиот оттаму што сметаат дека е штетен како за нив, така и за пациентите.
Со самоиницијативно собирање и мирен протест пред зградата на локалната самоуправа во Тетово помали групи ученици од деветтите одделенија од основните училишта Лирија, Братство Миѓени и Андреа Савески Кикиш го изразија, како што рекоа некои од нив, незадоволство од загадувањето на воздухо
–Прв приоритет е улицата „Тодор Александров“ каде ќе се менува водоводна и канализациона мрежа, ќе се постават нови тротоари и улично осветлување. Проектот е со вредност од 20 милиони денари, вели Анастасов.
ЈП „Стрежево“ – Битола, најголемиот капацитет за снабдување со вода на земјоделските површини, индустриските објекти и граѓаните од пелагониските општини кои се поврзани со акумулацијата, денеска одбележува 40 години.