Ви се обраќам за голема помош. На мојот татко му е дијагностицирана многу ретка и многу сериозна болест Амилоидоза за која нема лек во Македонија. Сите препораки од нашите доктори е најитно лекување во странство.
Градоначалникот на општина Велес Аце Коцевски информира дека на почетокот на месецов разговарал со претставници на компанијата „КЕПС-МОНТ ГРОУП” ДОО, кои со одлука на Владата од септември годинава, концесијата за згурата од велешка Топилница ја откупија од компанијата „Еко центар 97″ .
Црвениот крст на Република Македонија ќе користи европски фондови за пограничните градови со Република Бугарија, овозможени преку соработката со бугарскиот Црвен крст. Ова денеска го соопштија по средбата во Струга претседателите на двете организации Ромел Велев и Христо Глигоров.
Во општина Македонска Каменица денеска се одржува седмата седница на Советот за развој на Источниот плански регион на која се разгледува и утврдува годишната листа на предлог проекти за развој на ИПР за 2019 година. Од вкупно 10 проекти кои влегоа во потесниот круг за реализација преку програмата за регионален развој, четири успеаја да добијат најмногу гласови од присутните градоначалници.
Со цел исполнување на скромните детски желби, отсега за сите оние кои посакуваат да подарат насмевка на децата без родителска грижа и децата во социјален ризик, ќе можат да го направат истото на поедноставен начин преку онлајн донации – https://sos.org.mk/zvezdeno%20nebo/, соопшти СОС Детско село.
На патниот правец Штип-Радовиш сообраќајот од денеска на пладне е во целосен прекин.
Четириесеттина еминентни византолози од десетина држави од Европа учествуваат во работата на шестиот по ред Меѓународен симпозиум „Денови на Јустинијан Први“ што под тематскиот наслов „Државата и империјата“ овие два дена ќе се одржува во Охрид и Ресен.
До крајот на годинава земјоделците можат да достават барања за легализација на изградените објекти, фарми на градежно земјиште. Со измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, под надлежност на Министерството за транспорт и врски, рокот за легализација на дивоизградените објекти е продолжен за една година. Барањата за легализација треба да се поднесат во општините на живеење.
Сообраќајот на патиштата низ Македонија утрово се одвива тековно по наместа влажни коловози. Намалена видливост од 80 до 100 метри поради магла има на планискиот премин Стража.
Советот за развој на Источниот плански регион денеска во Македонска Каменица ќе одржи седница.