Товарното возило марка Мерцедес кое учествувало во сообраќајната несреќа се наоѓа на десната коловозна лента во правец од Крива Паланка кон Куманово.
Од 18:10 часот вечерва патниот правец Берово-Виница е во прекин за патнички и тешки товарни возила поради врнежи од снег, информира Автомотосојузот на Македонија.
Поради обилни врнежи од снег од 17:00 часот патниот правец Дреново – Прилеп е затворен за сообраќај на тешки моторни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Поради обилни врнежи од снег на планинскиот превој Плетвар од 16:30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила, информира Автомотосојузот на Македонија.
Со присуство на сточари од Битола, Велес, Штип и Пијанечко-малешевскиот регион, на работен состанок во Берово се разгледуваа проблемите со кои се соочуваат македонските сточари. Претседателот на Асоцијацијата на земјоделците Евтим Шаклев, истакна дека целта на средбата на која присуствуваше и министерот за земјоделие, Љупчо Николовски, е да се најдат решенија за надминување на проблемот кој сточарите го имаат со одржливото сточарство.
Интенизвните врнежи од снег кои го зафатија Пијанечко-малешевскиот регион придонесоа за зголемување на влажноста на коловозот, а со тоа и отежнато движење на сообраќајот на овој патен правец. На одредени делници од патот забележлива е појавата на одрони, особено во делот на патниот правец од Пехчево кон Делчево. Оваа појава најзабележлива е во делот пред селата Црник и Панчарево.
Изминатите десет месец од годинава споредено со истиот период лани во Дебарско намален е бројот на кражби, посебно на тешки кражби и постигната е висока ефикасност во нивното расветлување, потврдува полициската статистика.
Магистралниот пат Куманово – Крива Паланка денеска од 13:45 часот е затворен за сообраќај во двата правци.
Слаб снег попладнево провејува во Маврово, на планинскиот превој Стража и на Попова Шапка, но не се задржува на коловозот, информираат од јавното претпријатие „Македонија пат".
Езеро гледаме пред нас, тоа ни е на неколку метри, на дофат на раката што се вели, а веќе неколку децении не можеме да ги наводнуваме лозјата и трпиме штети. Вака се пожалија во изјава за МИА, жители од селата Брушани, Ресава и Бегниште, кои се наоѓаат во близина на Тиквешко Езеро. Ја отвораат оваа тема сега, надевајќи се дека ќе се преземе нешто во овој правец, за нивите да не им страдаат за вода барем во наредниот период.