Во Битола се одбележа Светскиот ден за борба против дијабетес, со едукативен настан на тема „Подигнување на свеста за лицата со дијабетес 1“, кој го организираа наставници од основното училиште „Св.Климент Охридски“.
Ќе се развива вински, апи и еко туризам во Неготино. Станува збор за проект вреден 16 милиони денари, од кои околу 10 проценти обезбедува општината, а остатокот е грант од ИПА фондови преку Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК).
Општинската организација (ОО) Црвен крст –Штип собра речиси еден тон храна по повод одбележувањето на Светски ден на храната и Ден на борба против гладта.
Со гребење на горниот оштетен слој од асфалтот во Гевгелија почна реконструкцијата на регионалниот пат Гевгелија – Негорци кој е дел од Програмата на Јавното претпријатие за државни патишта.
Утре почнува да важи обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март следната година.
Изготвена е приоритетна листа на одржување локални патишта во зимски услови, беше речено на координативниот состанок што го организираа Регионалниот центар за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување со одговорните од општините Делчево и Македонска Каменица, јавните комунални претпријатија, Полициската станица Делчево и одговорно лице од ЈП „Македонија пат“ .
Во две акции кои утрово ги спровела полицијата во гостиварскиот регион откриени се 42 лица кои непријавено работеле и престојувале во земјава. Повеќето се надничари (економски емигранти) кои најчесто се ангажираат по градилишта, фарми и физички работи.
Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ денеска обвини дека во Тетово било извршено рутинско чистење на кучињата од градот. Според нивните информации, кучињата биле отруени откако пред неколку денови се појавиле видео снимки на кои групи кучиња шетале низ центарот на Тетово.
Вклучување на граѓаните во проектот „На секое дете му е потребно семејство” и апел да се зголеми свесноста за значењето на заменското – згрижувачко семејство, упати Јавната установа „Меѓуопштински центар за социјална работа”- Крива Паланка.
Ситуацијата со ниското ниво на водата во Охридското Езеро засега не е алармантна, но повторно укажува на проблемот околу стопанисувањето со водата од басенот и нејзиното искористување за производство на електрична енергија.