И покрај тоа што за 20 проценти е намалена бесправната сеча на шумата во Струмичко, сепак остануваат десетина села како најзагрозени подрачја во Струмичко, информираат од Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица.
Единаесет лица кои ги управувале возилата под дејство на алкохол биле откриени во полошко при акциската контрола спроведена изминатиот викенд од страна на СВР Тетово. Во активноста биле контролирани вкупно 127 возачи.
Непристоен е новиот предлог цинкара да се гради кај „Фени”, реагира еколошкото друштво „Тисовец” од кавадаречкото село Возарци. Претседателот Сашко Данов, нагласува дека биле непријатно изненадени од споменувањето на можноста, сепак цинкарница да биде изградена кај „Фени” и Возарци.
Секторот за односи со јавност во РЕК Битола информира дека е во тек санацијата на оштетен дел од металната конструкција на претоварниот уред на багер СРС 2000/2, ангажиран на ископ на јаловина на Втор БТО систем во Рудникот Брод Гнеотино.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) првпат донесе регулаторна тарифа за водни услуги за македонска општина која не постапи по нивните предлог решенија за цената за водните услуги што треба да се применува од 1 јануари идната година. Регулаторната тарифа се однесува за јавното комунално претпријатие од општина Ресен и таа е повеќе од двојно пониска од првично побараната цена од ресенското водоводно претпријатие.
Вкупно 24 планинари членови на планинарскиот спортски клуб „Голак“ од Делево успешно ја завршија планинарската акција во Бугарија на која го искачија 2.290 метри високиот Црн Врв, највисока точка на планината Витоша. Како што информираше Љупчо Чучуковски претседател на ПСК „Голак“, маршот бил со вкупна должина од 11 километри.
Кичевецот Зејно Бајрами, кој е член на Здружението на слепи лица од Кичево, го освои првото место на регионалниот турнир во шах за слепи лица, што се одржа викендов во Тирана.
Градоначалникот на општина Демир Хисар Марјанче Стојановски информира дека по една година работење, успеал финансиски да ја стабилизира тамошната локална самоуправа.
Старите весници и списанија се дневници со информации од секојдневието во изминатите декади, обликувано или диктирано од разни општествени контексти и идеологии. Но тие, исто така, се и богат извор на примери за разликите меѓу некогаш и сега – почнувајќи од правописните и лексичките промени во јазикот, преку типографијата и стилот на новинските текстови до тоа како низ времето напредувало рекламирањето и огласувањето.
Намалена видливост поради појава на магла во раните утрински часови од 100 до 150 метри има на патниот правец Скопје – Катланово, а до 100 метри на патот Велес-Катланово и обратно, соопшти Автомотосојузот на Македонија.