Проодни се патиштата до населените места во Прилеп, информираат од локалната самоуправа. Покрај улиците во градот, фирмите задолжени за одржување на патиштата кои водат кон населените места во општина Прилеп, континуирано работат на нивно чистење од снегот.
Поради снегот кој денеска непрекинато врне во реонот на Велес и велешко сообраќајот на сите патни правци се одвива отежнато.
Врнежите од снег кои непрестајно паѓаа повеќе од дваесет и четири часа во Ранковце од вчера попладне формираа снежна покривка од триесетина сантиметри во пониските делови на општината, додека во планинските места има снег и до седумдесет сантиметри.
Во општина Прилеп проодни се сите патишта, а снежната покривка се чисти постојано, информираат прилепските локални власти.
Екипите за зимско одржување на локалните патишта и улици во општина Ресен се на терен и работат на расчистување на снегот на сите сообраќајници во градот и локалните патишта до населените места.
Снежна лавина која се струполила врз коловозот на регионалниот патен правец Маврови Анови – Дебар предизвика целосен прекин на сообраќајот во овој регион.
Почна вакцинацијата против беснило за домашните миленици, но интересот за вакцинирање не е на задоволително ниво, информираа денеска, надлежните од ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ од Куманово.
Битолската Клиничка болница го зголеми степенот на мобилизација во зимски услови, а причина за тоа се зголемениот број на лица со скршеници или други повреди предизвикани од снежниот бран што го зафати овој град.
Привршуваат последните подготовки за годинашниот Вевчански карневал што од 12 до 14 јануари ќе се одржува во Вевчани. Екипи на „Македонија пат“ работат на расчистување на снегот до селото, кој изминатите два дена континуирано паѓа во охридско-струшкиот регион.
Петнаесет деца од Куманово од социјален ризик беа на зимски распуст во детското одмаралиште Бегова Корија во Крушево, информираа денеска од Јавната меѓуопштинска установа Центар за социјални работи Куманово.