Во Делчево се одржа целовечерен концерт на староградска музика и серенади во изведба на Градскиот хор од Штип, кој првпат гостуваше во Делчево.
Асоцијацијата на даватели на комунални услуги ќе организира обуки за новиот Правилник за безбедна и квалитетна вода за пиење согласно ЕУ стандардите.
„Македонија Блокира“ предводена од Јанко Бачев денеска се обиде да го блокира магистралниот пат Скопје – Охрид кај месноста Другово во Кичево.
Штипското комунално претпријатие „Исар“ за наредната година ќе има инвестиции пред се во водовод и канализација, најави директорот, Живко Тасев. Вкупната Програма на претпријатието изнесува 250 милиони денари.
Во Пехчево се одржа работилница за доближување на младите и локалната власт. Како што истакна Ана Марија Теохарова од здружението „Амброзија”, акцент на работилницата беше ставен на формата и начините преку кои младите можат да учествуваат во креирањето младински политики.
Утрово од скопскиот аеродром се реализирани две полетувања, едното за Лондон, а другото за Гетегорг, откако од вчера попладне и ноќеска поради магла и намалена видливост летовите беа откажани или пренасочени кон други аеродроми.
Во рамки на хуманитарната акција „Твоето малку е некому многу“, женскиот младински хор при МКЦ – Скопје под раководство на Сашо Татарчевски, вечер во Битола ќе одржи концерт насловен “JazzToVoice“.
Поради магла намалена видливост од 50 – 100 метри има кај Тетово и Штип, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Хуманитарно трчање денеска ќе се одржи од Струмица до Гевгелија за подигање на свеста за постоењето на ретка белодробна болеста – Пулмонална хипертензија.
„Македонија-Блокира“ најави дека денеска во периодот од 13:00 до 15:00 часот ќе го блокира патниот правец Кичево-Охрид.