Фокус групата како дел од проектот „Помош на рутата- подобрување на правата на бегалците, мигрантите и барателите на азил во Македонија и Србија“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
За учество во програмата „Млад земјоделец“ во определениот термин за аплицирање од 19 минатиот месец до 19 месецов се пријавени 1.045 земјоделци.
Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ, денеска за време на посетата на Струмица посети повеќе компании кои добија финасиска поддршка за инвестици во нова опрема и нови технологии, производни хали и друга производна инфраструктура, за подигнување на конкуретноста, истражување и развој и за вработувања на нови работници со плата повисока од 18.000 денари, согласно владините мерки за економски раст.
Остар, свеж воздух. Мирис на планина. Влажно. Тивко, мирно, чисто, со понекоја празна кеса „смоки“ или пластично шише фрлено во реката. Пуст плоштад. На патеките од бекатон прошетува понекое кутре. Едвај, сосема случајно, ве пресретнува и понекој човек.
Здружението на даватели на комунални услуги на Република Македонија – АДКОМ денеска организира тркалезна маса на тема „Поттикнување на дијалог во секторот водоснабдување и отпадни води во Република Македонија преку евидентирање на клучните предизвици со кои се соочуваат засегнатите страни и препораки за нивно надминување“.
Рибарски приказни или повторно некој пуштил неавтохтона риба во Охридско Езеро?! Рибари во близина на струшкото село Радожда уловиле досега непознат вид на риба, кој најверојатно не е автохтон за Охридско Езеро.
Најстарата улица во Кочани, која пред четири години беше преименувана во „ВМРО“, ќе си го врати првичното име „Маршал Тито“.
Подигање на јавната свест за потребата од навреемена и редовна контрола со цел спречување на ракот на дојката, беше целта на денешната јавна трибина што во организација на клубот Феминист од Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово
Ова денеска го изјави министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, на потпишувањето на Меморандумот за проектот „Јакнење на отпорноста од насилен екстремизам на локалните заедници во Македонија“.
Саем на книга беше отворен денеска во градската библиотека “Феткин” во Кавадарци. Директорката на библиотеката, Весна Гркова рече дека настанот е по повод месецот на книгата и кавадаречката културна есен.