Археолозите од НУ Музеј Куманово почнаа со овогодинешните ископувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане. Тие работат на два сектори на акрополата и западната тераса на локалитетот кој се проценува дека е од хеленистичкиот период, 4 и 3 век п.н.е.
Поради револт, професор од Кавадарци произведе паметна училишна табла. Неговиот пронајдок веќе има освоено два златни медала во Македонија. Во изјава за МИА, Димитрија Ангелков раскажа како всушност дошол на идеја да направи такво нешто.
Во делчевското село Селник денеска се одржа општо-народен црковен собир во чест на празникот Петковден. Црквата посветена на Света Петка беше претесна да ги собере верниците кои дојдоа од сите краишта на Делчевско и вкусија од манастирската манџа која во чест на денешниот празник им се дели на верниците.
Кумановскиот театар се приклучува на хуманитарната акција за помош на 15 годишната Сара Настеска од Охрид на која и е неопходна трансплантација на коскената срж.
Повеќе од 600 мажоретки од Молдавија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Македонија учествуваат на Европскиот куп за мажоретки од генерациите 1999-2009 што викендов се одржува во Охрид.
Од 5 ноември во Кочани повторно ќе започне да функционира јавниот градски превоз, што беше прекинат на почетокот на август годинава.
Во Делчево синоќа својот 12-годишен јубилеј го одбележа Регионалниот центар за застапување, здружение формирано од петнаесет здруженија од регионот на општините Делчево, Пехчево, Македонска Каменица, Берово и Виница. Според претседателот на РЦЗ, Тони Стоименовски здружението прво работело како Центар за поддршка на невладини за потоа да произлезе денешниот Регионален центар за застапување.
Со атрактивната ноќна трка синоќа почна третото по ред „Македонско трофи („Macedonian trophy“), кое денеска и утре ќе се одвива на полигонот за екстремни спортови кај Старо Лагово и низ околината на Прилеп. Околу 240 рели возачи од Бугарија, Црна Гора, од Србија, Косово и од Македонија ги возат возбудливите етапи и трки.
Невработените лица на територијата на општина Кичево евидентирани во Центарот за вработување – Кичево и работодавачите од микро и мали претпријатија кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис со отворање нови работни места, да се пријават за учество во активните мерки за самовработување.
Со девет случаи на повреда при работа, во октомври гостиварскиот регион е на врвот на црната статистика. Повредените главно завршиле со тешки повреди, односно скршеници по екстремитетите.