Група од дваесетина планинари од Делчево, Берово и Македонска Каменица, членови на делчевскиот планинарски-спортски клуб Голак, реализираа планинарско-рекреативна маршрута до локалитетот „Калата” кој се наоѓа на 523 метри надморска висина во срцето на езерото Калиманци.
Во Зелениково возрасен човек со ножици сече уши на куче во двор, а во Велес малолетник неколку пати удира мало кутре кое едвај тежи пет килограми. По овие две видеа што се појавија на социјалните мрежи, Здружението за заштита на животни „АНИМА МУНДИ“ бара итна истрага и казни за сторителите.
Почна уривањето куќи склони кон паѓање во Кавадарци. Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, денеска информираа дека по околу 60 години се уриваат ваков тип куќи кај триаголникот во градот.
За целосно да ја променат сликата на крајбрежјето на Осломејското Езеро, поголема група риболовци и љубители на чистата природа од Кичево и соседните села, денеска спроведоа еко-акција во опкружувањето на оваа акумулација, бидејќи на повеќе локации во крајезерскиот појас беа создадени вистински депонии од секаков вид ѓубре, што го одложиле неодговорните граѓани.
Под мотото „Струга од срце за Сара“, в среда во „Центарот за култура Браќа Миладиновци“ ќе се одржи хуманитарен концерт за Сара.
Делегација предводена од градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски присуствуваше на 13. Балкански фестивал на фолклорни игри во Измир, Турција.
Археолозите од НУ Музеј Куманово почнаа со овогодинешните ископувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане. Тие работат на два сектори на акрополата и западната тераса на локалитетот кој се проценува дека е од хеленистичкиот период, 4 и 3 век п.н.е.
Поради револт, професор од Кавадарци произведе паметна училишна табла. Неговиот пронајдок веќе има освоено два златни медала во Македонија. Во изјава за МИА, Димитрија Ангелков раскажа како всушност дошол на идеја да направи такво нешто.
Во делчевското село Селник денеска се одржа општо-народен црковен собир во чест на празникот Петковден. Црквата посветена на Света Петка беше претесна да ги собере верниците кои дојдоа од сите краишта на Делчевско и вкусија од манастирската манџа која во чест на денешниот празник им се дели на верниците.
Кумановскиот театар се приклучува на хуманитарната акција за помош на 15 годишната Сара Настеска од Охрид на која и е неопходна трансплантација на коскената срж.