Во пресрет на празникот и одбележувањето на 77-годишнината од почетокот на народното востание во НОБ 1941-та, во локалната самоуправа во Прилеп пригодно беа отркиени копиите на орденот-народен херој што градот го доби во 1975-та година, а кој пред 24 годин и исчезна од тогашните општински простории и до денес нема ниту трага ниту глас.
Општина Охрид денеска со свеченост во големата општинска сала започна со активностите за одбележување на 11 Октомври - Денот на народното востание.
Министерството за економија со средства во износ од 16,5 милиони денари ќе го враќа стариот сјај на Скопската, Битолската и Охридската чаршија. Во Скопската чаршија ќе се ревитализираат излозите на 115 дуќани, во Битолската на 38, а во Охридската на седум дуќани.
Раководителите на подрачните служби на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за рурален развој на работна средба во Македонска Каменица ги информираа земјоделците за програмата "Млад земјоделец" и останатите мерки кои Влада на Република Македонија ги нуди за развој на земјоделието.
Со положување цвеќе пред спомен бистите на паднатите борци кои загинале во воените дејствија за ослободување на Богданци, денеска општина Богданци свечено го одбележа Денот на ослободувањето,10 октомври.
Со бројни манифестации Прилеп денеска и утре го одбележува празникот 11 Октомври - Денот на оруженото востание во НОБ и Револуцијата.
Рудникот за бакар и злато „Бучим“ ја доби дозволата за екслопатација на руда од новото рудно тело „Боров дол“. Заменик менаџерот на „Бучим“ - Радовиш“, Николајо Николов, за МИА вели дека дозволата e продолжување на векот и работата на рудникот, а вработените да останат и на своите работни места.
Речиси четири пати пониски од просекот за октомври се нивоата на реките Вардар кај Јегуновце и на Сатеска кај Ботун, додека Вардар кај Зајчев Рид и Црн Дрим кај Ложани се преполовени, покажуваат денешните хидролошки мерења на УХМР.
Годишното аплицирање по електронски пат за распределба на ЕКМТ дозволи за 2019 година и изготвување на Листа на превозници и резервирани поединечни транспортни дозволи за превоз на стоки за 2019 година ќе се врши од сабота 13 октомври во 0:00 часот до понеделник 15 октомври во 23:59:00 часот, информира Министерството за транспорт и врски.
Во рамките на Репуличките сили за заштита и спасување се и десет пожарникари од ТППЕ Струмица. Тие заедно со други припадници на силите учествуваат на меѓународна вежбовна активност за спасување од урнатини и поплави „Србија 2018" што се одржува во Младеновац, Република Србија.