По повод Светскиот ден на чистењето 15 Септември денеска прилепските јавни комунални претпријатија „Комуналец“, „Водовод и канализација“ и водостопанското претпријатие „Прилепско Поле“ заедно со локалната самоуправа практично се вклучија во акцијата за чистење на градот.
Во тек се подготовките и чистење на теренот потребни за почеток на доизградба на кејот од Каменичка Река. Според информацијата на градоначалничката Соња Стаменкова во рамки на доуредувањето на кејот ќе биде поставена соодветна урбана опрема.
Вработените во општина Ресен, учениците од основните и средното училиште и еколошкото друштво „Еко герила - Преспа“, со поддршка на локалното население, со еко акција денеска се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден на чистењето.
Попладнево во Струмица и Радовишко и во струмичкиот и радовишкиот регион избувнаа шест шумски пожари од кои најголем е тој во близина на селото Радичево, помеѓу Струмица и Радовиш.
На Светскиот ден на чистењето во Струмица се чистеа три диви депонии-една позади Градските гробишта и две меѓу населените места Баница и Водоча.
Кочани е првата општина во Македонија во која од денеска започна да се реализира проектот мобилен сервис за грижа во домашни услови, со кој на жителите од руралните подрачја треба да им се овозможи подобра здравствена и социјална заштита.
Започна изградбата на пречистителна станица за вода за пиење за регионален водоснабдителен систем во општина Липково, изградба на резервоар и цевковод во должина од 570 метри до Липково. Премиерот Зоран Заев, со министрите за транспорт и врски, Горан Сугарески и за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи извршија увид во градежните активности.
Во рамки на меѓународната акција „Да го исчистиме светот“ денеска повеќе од две илјади ученици од гимназијата и оновните училишта во општина Гевгелија учествуваа во еднодневната еко акција за почиста животна средина.
Со реализација на акцијата „Македонија без отпад 2018 година“ во општина Кисела Вода земјава се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на чистење, но со неа се прави и обид да се подигне јавната свест.
Основците од „Страшо Пинџур” Кавадарци денеска реализираа еколошка акција. Во еко активностите се вклучија и нивните врсници од подрачните училишта во кавадаречките села Марена, Возарци и Дреново. Учениците од прво до деветто одделение собираа отпад околу училишната зграда и на кејот на реката Луда Мара.