- Во 20 часот бевме известени од командирот на противпожарната единица дека е запалена депонијата. Од наша страна веднаш се преземени активности. Со нашето возило по пристигнувањето е направен земјен појас за да се спречи понатамошното ширење на пожарот, рече директорот Стојковски.
Во несреќата биле затрупани и околу 1.500 до 2.000 овци и неколку грла крупен добиток. Веднаш по несреќата била формирана комисија од Државниот секретаријат за внатрешни работи. Таа до доцна вечерта испитувала како дошло до несреќата. Во соопштението кое го доставил, укажала дека несреќата се случила од природни причини.
Изградба и реконструкција на локална патна мрежа, атмосферска канализација и реконструкција на основно училиште, се проектите за кои денеска ќе се потпишат договори во Министерството за финансии.
Во Охрид од денеска до петок ќе се одржува меѓународна конференција насловена „Мигрантската и бегалската криза во глобалниот свет:одговорности и одговори“.
Денеска се навршуваат девет години од трагедијата на Охридското Езеро кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 лица, туристи од соседна Бугарија.
Општина Битола почна со инфраструктурни активности на улицата „Климент Охридски“ каде увид во градежните активности изврши градоначалникот Наташа Петровска.
Општина Куманово започна со санација на двата делови од плоштадот „Маршал Тито“ во градот.
Крушево носи многу значајни факти во Европа и тој потенцијал треба да се поддржи, нагласи амбасадорот на Република Словенија Милан Јазбец при денешната прва официјална посета на Крушево и средба со крушевскиот градоначалник Томе Христоски.
Шест домашни компании „Еуросолид“, „Астибо фешн груп“, „Кули“, „Метас“ и „Албатрос“ ќе ги презентираат инвестициските потенцијали во македонската текстилна индустрија на Саемот за облека што се одржува од 4 до 6 септември во Минхен.
Бербата на грозјето во штипскиот регион е во полн ек, а истовремено се одвива и откуп во трите винарии. Откупувачите велат дека годинава им се нудат различни сорти грозје, но доминира вранецот. Задоволни се од квантитетот, но не и од квалитетот на грозјето.