Регионалниот пат од Охрид кон Свети Наум денеска од 13 часот се затвора за сообраќај во должина од 600 метри.
Во организација на Здружението на граѓани со ретки болести „Живот со предизвици“ од денеска до 2 септември во Охрид ќе се одржат серија предавања посветени на лицата заболени од Алпортов синдром, ретко бубрежно заболување на младата популација.
Во општина Крива Паланка денеска се одржа oбука за менаџмент и онлајн туризам како дел од активностите на проектот „Туризам без граници“, финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Косово.
Советот на општина Кавадарци денеска донесе одлука со која тројца кавадарчани го добиваат највисокото општинско признание, наградата „7 Септември”. Од областа на културата наградата ја добива Страшо Темков - флејтист, од областа на спортот професорот по физичко воспитување Димитар Пецов и од областа на музиката, седмосептемвриска награда ќе ја добие Александар Ангелов од групата „Дрим тим“.
Кавадарци во следниве три дена (31 август - 2 септември) ќе биде домаќин на велосипедската кадетско-јуниорска балканска елита.
Менаџментот на РЕК Битола и градоначалниците на општините Битола, Новаци и Могила потпишаа меморандуми за меѓусебна соработка со што се обврзуваат интензивно и конкретно да соработуваат во области од надлежност на локалната самоуправа.
Интернист и невролог се професииите за кои делчевските лекари треба допрва да специјализираат за да се надмине проблемот со недостиг на ваков кадар во делчевскиот Здравствен дом.
Вкупно 605 првачиња се запишани во 11-те основни училишта во општина Струга, што е за шест помалку од минатата година.
Со цел да се намали невработеноста во општина Кичево, градоначалникот Фатмир Дехари почна со рализација на општинската програма за вработување на невработени лица, преку проектот наречен „самовработување" со неповратни срества од општинскиот буџет, за започнување на сопсвен бизнис за лица невработени кои имаат идеи, но немаат доволно финансиски можности да започнат со реализација на замислата.
Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија и Сојузот на Синдикатите на Македонија, викендов во Охрид го одржува вториот циклус обуки на обучувачи/ментори за организациски развој на темите: проектен циклус и застапување и лобирање.