Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, како и претставници на Полициската станица од Аеродром, Одделението за превенција при СВР-Скопје, и жители од тој дел на градот синоќа беа во обиколка на повеќе локации низ општината, каде што претходно беа евидентирани зачестени нарушувања на јавниот ред.
Преку заемна соработка, поддршка и активности меѓу страните потписнички и приватниот партнер, кој треба дополнително да биде избран на оглас, откако ќе заврши постапката за физибилити студија, очекувањата се дека до средина на следната година треба да биде поставен камен-темелник за овој повеќенаменски комплекс за јавни услуги.
Фестивалот, што ќе се одржува до сабота, ќе понуди богата програма и врвна џез музика на гостите од Грција, Германија, од Србија, Македонија.
Градоначалникот на Битола Наташа Петровска денеска изјави дека општината постигнала договор со ЕВН Македонија, исплатен е дел од долгот за неплатена струја и струјата е вклучена во сите основни и средни училишта во градот.
При акциска контрола на МВР за откривање и санкционирање на возачи кои организираат и учествуваат во диви трки, ноќеска на подрачјето на СВР Скопје привремено биле задржани пет мотоцикли.
Подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот и на сообраќајното поведениe на учесниците во сообраќајот е целта на новата кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) што ќе се реализира во наредниот период.
Советот на Кавадарци ги избра приоритетите на општината. Советниците во градскиот Совет донесоа одлука со која за приоритетни ги избраа проектите за реконструкција на водоводната и канализациската мрежа во селото Сопот и изградба на велосипедска и пешачка патека од мостот во Ваташа до Моклишката воденица.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска им врачи плакети на 12 најдобри рудари, номинирани од нивните работодавачи, и благодарници на шест здруженија и институции за посебен придонес во рударството во Република Македонија.
Сите основни и средни училишта се подготвени за почетокот на новата учебна година, информираше денеска градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
Споредувањето на бројот на запишани првачиња и гимназијалци во гевгелиските училишта со бројот на запишани во изминатите години, покажува континуирано намалување на новозапишани ученици од година во година.