Прилепската градска болница „Борка Талески“ доби донација во вредност од околу 300 илјади евра во апарати за речиси сите одделенија, во опрема и помагала со кои многу ќе се олесни услугата за околу 100 илјади жители во регионот.
Пчеларите од штипскиот регион годинава повторно ќе бележат ниски приноси на медот во споредба со подобрите години, но и со приносите на медот на пчеларите од останатите региони во Источна Македонија.
Промоцијата и унапредување на природните вредности на врвот Лисец на Плачковица е еден од адутите на општина Виница за развој планинскиот туризам.
Активисти и поддржувачи на повеќе еколошки здруженија и граѓански иницијативи денеска го кренаа гласот против неконтролирана урбанизација на охридското крајбрежје.
Менаџери од гевгелиски фирми и вработени во општинската администрација се обучуваа да станат лидери. Тоа им го овозможи работилницата што се одржа изминативе два дена во организација на фондацијата „Аполонија“ и Мировниот корпус во Македонија.
Најпрво во централното градско подрачје, а потоа и во другите градски зони и евентуално во поголемите населени места во општина Гевгелија, наскоро ќе се воведе зонско паркирање.
Промената на климата и температурните разлики се најизразени во Преспанскиот регион. Тоа го покажуваат и временските непогоди, обилни врнежи од дожд и град и екстремно високи или ниски температури што последните години го зафаќаат овој дел од државата.
Во Македонија има повеќе згрижувачки семејства кои во одредени ситуации се спремни да згрижат деца на кои од најразлични причини им е потребно згрижување, но во Неготино и Демир Капија, за жал, се уште нема такво семејство. А овде, иако досега ретко, сепак има потреба од згрижувач.
Според „Авто атом“ причината за укинувањето на релациите е што интерните анализи на претпријатието покажале дека е непрофитибилно и неисплатливо натамошно давање на услугата по сегашните цени.
Прилеп ќе пренамени средства од локалниот буџет за обештетување на земјоделците од погодените реони од последното невреме кога 100 проценти беше уништен родот на тутунот и пиперките на 1.000 земјоделски семејства, одлучи на денешната седница Советот на општина Прилеп.