На отворената летна сцена на плоштадот „Карпошово востание" во Крива Паланка синоќа беше прикажан турскиот филм „Дрвото чинар" - драма за животот на луѓето од различни слоеви на општеството и за концептот на семејство каде во преден план се семејните вредности.
Во Македонска Каменица во организација на новоформираниот шаховски клуб „Каменица - Саса" во тек е летен шаховски турнир.
На граничните премини Табановце и Богородица од македонска страна се чека од 15 до 30 минути поради зголемена фреквенција на возила.
Поради сообраќајна несреќа на превојот Ѓавато кај црквата „Св. Богородица“ сообраќајот на магистралниот пат Битола - Ресен е затворен за сообраќај во двата правци.
Сообраќајот на магистралниот пат Штип-Кочани, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, од 18:45 часот е норманилиран. Одвивањето на сообраќајот на државните патишта е по претежно суви коловози.
Општина Кичево ќе додели стипендии за редовни студенти кои ќе се запишат во академската 2018/19 година на некој од државните универзитети или на еден од приватните универзитети во или надвор од државата.
Средбата е дел од проектот „Дали плановите на ЛЕР се стимулативни за опстанок или за иселување од општините“ на овој Центар, кој има за цел да покаже кои се плановите на општините за Локален економски развој и колку тие се во функција да се спречи иселувањето во четири градови во Источна Македонија, односно Берово, Делчево, Пехчево и Македонска Каменица.
Во наредните три дена Споменикот на слободата во Кочани ќе биде центар на културните настани, како дел од заложбата на локалната самоуправа со повеќе различни содржини да го заживее просторот што со години е запуштен.
Поради сообраќајна незгода помеѓу селата Чешиново и Облешево од 16:40 часот во прекин е сообраќајот на магистралниот пат Штип-Кочани, информира АМСМ.
Со деветтата и последна смена во Бигорскиот манастир и неговиот метох, манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рачица, заврши годинашниот летен камп по веронаука, кој беше во знакот на големиот јубилеј „1.000 години Охридска Архиепископија“. Последни манастирски гости беа деца од Струга.