Со пресрет на муслиманскиот празник Курбан Бајрам (на 21 август) деновиве во дебарско најбарани на пазарот се овците.
Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) одзеде 73 рибарски мрежи и 370 парчиња белвица со вкупна тежина од 33 килограми од 13 рибокрадци затекнати во Охридското Езеро. Прекршен е Законот за Државен инспекторат и на Законот за рибарство и аквакултура и на секое лице ќе му биде издаден прекршочен платен налог во висина од 500 евра.
Речиси трипати повисоки од просекот за август се нивоата на реките Треска кај Македонски Брод и Црна кај Новаци, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Во паркот кај затворениот градски базен во Куманово денеска ќе се врши третирање против инсекти.
На градскиот стадион во Крива Паланка, од денеска па се до 21 август, ќе се одржува 14-тата отворена летна фудбалска школа „Open Fun Football Schools“.
Во многу лоша состојбата се столбовите и целосната конструкција на мостот на Вардар кај Башино Село на влезот во Велес стар 47 години.
Земјоделскиот институт од Скопје бара целосно испитување на случајот со ГМО оризот во Македонија, односно дали тој е увезен, а ако е домашен производ да се утврди кој и од кое семе го произвел.
Во Кочани во тек е постапка за враќање на поранешното име на улицата “Маршал Тито“, за што иницијатива до Советот на општината поднесе Здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“.
Претставници од Делегацијата на ЕУ заедно со делегација на Царинската управа на Република Македонија ги посети и извршија увид на состојбата и функционирањето на ГП Табановце, Деве Баир и месноста Маркова нога.
Прилепските локални власти ги интензивираат активностите за гасификацијата на градот. По средбата со стопанствениците, денеска бенефитот од гасификацијата му беше претставен на јавниот сектор кој ќе биде првиот корисник на природниот гас од мрежата.