Акумулацијата „Глобочица“ денеска беше порибена со 8.000 единки подмладок од речна пастрмка и 1.700 крап, во рамки на програмата на Министерството за земјоделство за порибување на водите што во моментов немаат концесионер.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) им препорачува на возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не ги занемаруваат предупредувањата од метеоролозите и моменталните услови на патот и особено да внимаваат кога возат при обилни летни врнежи од дожд.
Повеќе од 10 години жителите на делчевското село Бигла се без црква. Според кажувањата на мештаните црква постоела до 2008 година, но истата била урната, а иконите разграбани.
На граничниот премин Табановце за излез од Македонија има зголемена фреквенција на возила и се чека од 15 до 30 минути.
Локалната самоуправа во Гостивар определи локација на која ќе се продава добитокот за претстојниот празник Курбан Бајрам во градот. Сточарите и сопствениците на добиток, како продажно место без надоместок ќе може да го користат паркингот на големиот градски пазар.
Општина Македонска Каменица и оваа година со заловување и со понатамошен хуман третман од страна на стручна служба ќе го решава проблемот со кучињата скитници.
За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица.
Италијански и домашни спелеолози ќе работат на истражување на пештерата „Убавица“ во селото Горна Ѓоновица, една од поголемите во гостиварско, а нејзината внатрешност со помош на дигиталната технологија ќе биде пренесена и ќе може да се види во 3Д формат.
Советникот Николчо Ситновски, кој досега во Советот на Општина Делчево делуваше како претставник на ВМРО-НП, односно како дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, од денеска стана независен. Ваквата одлука Ситновски, како што рече на денешната редовна седница на делчевскиот Совет, ја донел лично и без ничие влијание.
Заменик-директорот на Агенцијата за млади и спорт Газменд Ристеми во придружба на градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари ја предаде првата фитнес зона во Гостивар. Ристеми во оваа пригода најави дека во наредниов период ќе следуваат неколку инвестиции за развојот на спорот и физичката култура.